Ако работното време се премести во подоцнежните утрински часови, хроничната несоница, заморот од работа и недостатокот на мотивација би можеле да исчезнат.
Кога работата би започнала во 10 часот, луѓето би биле поздрави, е заклучокот од големото истражување спроведено на Универзитетот во Пенсилванија.
Истражувањето кое опфатило повеќе од 120.000 луѓе покажало дека за секој час што го поминуваат на работа, луѓето спијат во просек 20 минути подолго, но во тој случај се попродуктивни и посреќни.
Бидејќи недостатокот на сон е сѐ почест проблем, истражувачите тврдат дека пофлексибилното работно време во голема мера ќе им користи на вработените.
„Работното време е најголемиот крадец на сонот, а тоа што луѓето мораат да бидат на работа од раните утрински часови всушност кај повеќето доведува до намалена продуктивност“, заклучил авторот на студијата – д-р Матиас Баснер, пишува The Telegraph.
Извор: kajgana.com