![Во јули Македонија ја посетиле над 100 илјади странски туристи - Најмногу од Турција, Србија и Полска](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/71/38996b17-resize-820x0x100.jpg)
Според податоците на Државниот завод за статистика од вкупниот број туристи во Македонија, 46 отсто или 90.702 се домашни, а 106.571 или 54 проценти се странски, вкупно се евидентирани 197.273 туристи.
Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742.970, од кои 71.4 проценти се од домашните туристи, а 28.6 отсто од странските. Македонија во јули најмногу туристи имала од Турција (35.078), Србија (11.124), Полска (5.911) и Романија(4.860).
Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 проценти. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2, а кај странските за 44.0 отсто.