
Во следната седмица повеќе од 50 производи ќе бидат намалени за најмалку 10%, од нив над 90% се со 5% ДДВ – информира Владата.
Одлуката официјално ќе биде усвоена на Владината седница во вторник. По денешниот состанок со претставници од 8 ланци на супермаркети, Од Владата велат дека тие се согласни за намалување на цените на прехрамбените производи. За референтната цена информираа дека ќе се земе од претходните месеци.