![„Мато Наполетано“ од Скопје е меѓу 100 најдобри пицерии во светот](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/ef/6e54b9fe-resize-820x0x100.jpg)
Италијанскиот ресторан „Мато Наполетано“ од Скопје е меѓу 100 најдобри пицерии во светот. Скопската пицерија беше дел од гала-церемонија која се одржа во Кралската палата во Неапол, Италија. Во мај годинава, „Мато Наполетано“ во Барселона беше прогласена и за 25. пицерија во Европа.
За првпат во историјата на Македонија, еден угостителски објект е препознат на светско ниво, а „Мато Наполетано“, е единствената пицерија од регионот што се нашла на овој список. Рангирањето и наградувањето традицонално го врши меѓународна организација од Италија.