Барате дополнителен начин на заработка покрај вашата редовна работа? Еве неколку можности да го направите тоа додека се релаксирате.
На што прво помислувате после напорен ден на работа? Веруваме дека многумина од вас ќе кажат кревет или фотелја и не можеме да ги обвиниме за тоа. Сепак, неактивноста може да придонесе и за намаленото чувство на енергија кое го искусувате откако ќе ви заврши работното време.
Па што може човек да направи во врска со тоа? Дали да се запише во фитнес клуб? Да, тоа е една опција. Но, според нас, колку и да звучи неверојатно, постојат неколку начини кои ќе ви помогнат да се релаксирате после напорен ден, а истовремено и да ви донесат пари.
Во следниов текст ќе ви откриеме неколку од овие опции кои се покажале успешни за многу луѓе, не само во светот туку и во Македонија. Да започнеме.
Започнете да пишувате свој блог
Блогирањето е поим кој опишува создавање и одржување на сопствен блог/интернет страница фокусирана на специфична тема. На пример, има луѓе кои ги споделуваат своите политички ставови на нивните блогови. Има и блогови посветени на мода, храна, и тн.
Размислете што е тоа за што имате знаење и пасија и отворете блог за тоа. Откако ќе го направите блогот (кој патем може да се направи бесплатно преку платформи како Blogger.com), не заборавајте да споделувате содржина на редовна основа. Би рекле дека нова блог објава е потребна барем еднаш неделно.
После извесно време, откако ќе имате малку содржина, може да барате начини на кои ќе заработувате од таа содржина. Многу луѓе одбираат да објавуваат рекламни банери на своите блогови. Постојат специјализирани рекламни платформи кои можат да ви помогнат.
Друга опција ви е аffiliate (партнерски) маркетинг, преку кој промовирате услуги и/или производи поврзани со содржината на вашиот блог и добивате процент од секоја продажба остварена како резултат на вашата препорака.
Играјте казино игри
За некои од вас ова можеби ќе звучи како необичен предлог, но доколку размислите ќе сфатите дека има смисла.
Коцкањето е форма на забава во која уживаат стотици илјади луѓе на различни страни од светот вклучувајќи ја и Македонија. Доколку оваа активност се сфати како можност за опуштање и забава, а не како начин за брзо богатење, тогаш се треба да е во ред.
Најдобрите игри казино имаат солиден теоретски поврат (познат и како RTP, достапен како податок во секоја сериозна онлајн игра). Наш совет е да се регистрирате во казино со добар углед и многу играчи.
Исто така, не пропуштајте ја можноста да ги искористите бонусите кои овие сајтови ги нудат. Пред да започнете со играње, одредете сума која ќе служи како ваш дневен, неделен и/или месечен буџет. Секогаш имајте предвид дека постои можност да ги загубите сите пари, па затоа не играјте со пари кои ви се неопходни за нормален секојдневен живот.
Откако ќе го одредите буџетот, држете се до него без разлика на вашиот (не)успех. Само вака ќе може да се релаксирате и добиете шанса за добивка.
Бидете онлајн учител
Сте размислувале ли некогаш каков би бил вашиот живот доколку место вашата сегашна работа бевте учител? Благодарение на интернетот, веќе не морате да замислувате – може да станете онлајн учител и тоа да ви биде дополнителна работа која ќе ве исполни и прави среќни.
Во зависност од вашите знаења и вештини, може да подучувате ученици и студенти во различни области како математика, биологија, јазици и така натака. Постојат и специјализирани сајтови на кои може да се регистрирате како тутор, но тие се претежно на англиски јазик, па може да ги користите само ако го знаете тој јазик.
Како и да е, без разлика на опцијата која ќе ја изберете, потребно е да имате добро искуство и силно знаење во одредена област. Исто така потребни ви се одлични комуникациски вештини за да станете успешни.
Уредувајте дворови
Ако се загледате по дворовите на соседите, речиси сигурно ќе забележите барем неколку кои делуваат запуштено. Некои луѓе немаат време или бараат различни оправдувања за да се извлечат од обврските во дворот.
Сепак, да бидете опкружени со зеленило и да добиете можност да уредувате простор не само што е релаксирачко искуство туку може да биде и прилично корисно во финансиска смисла. Ако имате барем малку чувство за дизајн и ја сакате природата, ве советуваме да му дадете шанса на градинарството.
Речиси секој може да искоси тревник, да искастри жива ограда или да искорени плевел. Исто така може да садите цвеќиња, грмушки и дрва. Оние поумешните и поискусните може да направат и земјени или камени патеки и тн.
Доколку имате ваш двор, уредете го прво сопствениот двор, а потоа ќе биде лесно да ги убедите соседите да ве ангажираат.
Бидете фитнес или јога инструктор
Како и за некои од другите работи кои ги набројавме во овој текст и за да станете фитнес или јога инструктор потребно е знаење и искуство. Во овој случај станува збор за знаење во областа на здравјето и благосостојбата на луѓето.
Едно од нештата кои ја прават оваа работа интересна е можноста да нудите различни видови часови. На пример, може да водите онлајн часови или часови во живо како зумба или спин. Ова се групни сесии во кои два или повеќе ученици ги следат вашите инструкции.
Во последно време владее се поголем интерес за еден-на-еден фитнес часови. Со други зборови, може да станете личен тренер и да им помогнете на вашите клиенти да ги остварат своите специфични цели имајќи ги предвид нивните лични можности.
Не заборавјте дека и давање јога часови може да биде еднакво интересно искуство. Постојат неколку места кои даваат сертификати на фитнес и јога тренери откако ќе го завршите нивниот курс.