![Размислете двапати пред да донесете егзотични растенија дома. Еве што не смеете да правите](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/62/72e95e26-resize-820x0x100.jpg)
Секоја година, 26 септември се прославува како Светски ден за здравата животна средина.
Во оваа смисла во фокус се многу теми, и тоа поради различните надворешни сили кои влијаат врз начинот на кој луѓето живеат, јадат и се развиваат, и позитивно и негативно. Според Светската здравствена организација, глобалните еколошки проблеми се причина за повеќе од 12,6 милиони смртни случаи годишно. Како предизвикувачки фактори овде се вбројуваат загадувањето на почвата, ултравиолетовото зрачење и губењето на биолошката разновидност.
Повеќе од 100 болести и повреди може директно да се поврзат со немањето здрава животна средина. Честопати, овие прашања имаат најголемо влијание врз заедниците кои се сиромашни и кои веќе имаат значителни ранливости во однос на здравствената заштита.
Поздрави растенија, поздрави луѓе
За да одговориме на овие прашања на локално и глобално ниво притоа движејќи се нанапред, клучно е да се разбере дека човечката активност е одговорна за најголем дел од деградацијата на природниот свет: прекумерен риболов, уништување шуми, прекумерна потрошувачка, загадување со пластика и многу друго. Овогодинешната порака е јасна и гласна: Заложувајте се секојдневно за да го заштитите здравјето на сите. А еден од начините на кои ова може да се постигне е да се зачува еден од најважните делови на нашата планета – растенијата.
Растенијата се столбот на животот на Земјата: тие ни го обезбедуваат воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме. Денес, растенијата се под голем „притисок“ поради климатските промени и човечките активности, како што се трговијата и патувањето. Растителните штетници може да предизвикаат катастрофални економски и еколошки загуби.
Во однос на здравјето на растенијата, Северна Македонија се соочи со инфекција на плантажите со коскесто овошје со фитопатогената габа Monilinia fructicola (Winter) Honey во текот на 2018 и 2019 година. За поефикасно справување со оваа габа, Фитосанитарната управа подготви акциски план со потребни мерки и активности кои требаше да ги спроведат производителите на коскесто овошје, како и откупните компании кои дистрибуираа коскесто овошје.
Одржувајте ги растенијата здрави, заштитете го животот
Една од клучните активности што ги презеде Националната организација за заштита на растенијата (НППО) – Фитосанитарната управа беа: организирани едукативни трибини за сите засегнати страни со посебен осврт на потребата од спроведување превентивни мерки, хемиски мерки во насадите, како и хигиенски мерки за контрола на габата по бербата. За среќа, инфекцијата беше ставена под контрола и присуството на габата континуирано се следи секоја година, врз основа на годишниот план за фитосанитарен мониторинг.
![](https://denar.mk/wp-content/uploads/2023/09/rastenija.jpg.webp)
Северна Македонија ги здружи силите со Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) за да ја поддржи и унапреди свеста за здравјето на растенијата и неговата поврзаност со нашиот секојдневен живот. Кампањата #PlantHealth4Life има за цел да нагласи дека здравите растенија се важни за производството на земјоделски култури, за одржување на здравјето на шумите и за зачувување на природните и засадените површини, природните екосистеми и биодиверзитетот.
Секој човек има клучна улога и може да се вклучи во процесот на одржување здрави растенија, и тоа на следниов начин:
• Ако претпочитате да патувате надвор од ЕУ и уживате да ги гледате сите тие прекрасни, егзотични растенија, размислете двапати пред да ги земете дома со вас! Тие растенија, семиња, овошки, зеленчуци или цвеќиња може да содржат растителни болести и штетници
• Доколку се шетате или работите во вашата градина, овоштарник или лозје и забележите знаци на штетни растителни организми, веднаш известете ги НППО – Фитосанитарната управа и овластените технички институции
• Едуцирајте ја следната генерација: Вклучете се во разговори за важноста на растенијата со вашите пријатели, семејството, децата. Учејќи ги за здравјето на растенијата, им давате моќ да станат одговорни заштитници на животната средина.