Иако има намалување на бројот на отворени работни места, се уште постои загриженост за недостигот на работници ширум Европа
Последните податоци покажуваат дека на ниво на Европска Унија во вториот квартал има намалување на понудата на работни места, но затоа има и зголемување на вработеноста. Но, проблем е фактот што се зголемува процентот на слободни работни места и што работодавачите не можат да најдат работници.
Овој процент се зголемува од 2020 година, кога многу работници беа отпуштени поради заштеди за време на корона кризата. Извештајот на Европската комисија покажува дека се уште има недостиг од работници предизвикан од отворањето на нови работни места и неможноста да се пополнат работните места на неодамна пензионираните работници.
Во однос на бројот на работни места во земјите-членки, најмногу работници во вториот квартал се барани во Холандија, каде 4,7 отсто од сите работни места се непополнети. Од друга страна, во Бугарија и Романија тој процент изнесува ниски 0,8, објави Еуроњуз.
Повеќето луѓе, барем што се однесува до рекламите на Интернет, се барани во ИТ и продажба. Се бараат голем број луѓе и во маркетинг, производство и инженерство.
Статистиката покажува дека Европа се бори со недостиг на квалификувана работна сила. Повеќе од 75 проценти од компаниите во Европската унија не можат да најдат луѓе кои ги имаат потребните вештини.
Извор: nezavisen.mk