![ЛЕТОТО ПРОДОЛЖУВА: Температури и до 31 степени – Метеоцентар со детална прогноза за времето за следните 4 дена](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/7e/66749ae7-resize-820x0x100.jpg)
Продолжува периодот на релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, а во четврток ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
Прогноза за 03.10.2023
Минимална температура: 4°C до 17°C
Максимална температура: 22°C до 29°C
Утрото свежо, преку денот сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.
Прогноза за 04.10.2023
Минимална температура: 4°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 31°C
Утрото свежо, преку денот сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Прогноза за 05.10.2023
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 24°C до 31°C
Сончево со умерена облачност и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.