Седумте најбарани атракции ги нарекле „новите светски чуда“. „All Clear“ од Велика Британија објавила мапа на светот на која наместо имињата од земјите ги наведува туристичките дестинации за кои туристите од странство најмногу се заинтересирани.
Мапата е генерирана врз основа на податоци од Википедија, односно оние дестинации кои туристите (моменталните и идните) во една земја најмногу ги пребарувале на оваа онлајн енциклопедија во последните пет години.
Ова е листата:
Таџ Махал (Индија) – 28,601,383 прегледи
Бурџ Калифа (Обединети Арапски Емирати) – 23,423,701 прегледи
Еверест (Непал) – 22,066, 676 прегледи
Статуа на слободата (САД) – 19,851,871 прегледи
Кинески ѕид (Кина) – 17, 405, 607 прегледи
Ајфелова кула (Франција) – 17,316,414 прегледи
Мачу Пикчу (Перу) – 14,229,131 прегледи
Кога станува збор за Македонија најмногу туристи ќе најдете во Охрид, додека пак во Албанија во Драч, тврдат податоците.
Во Србија туристите на Википедија најмногу го пребарувале храмот Свети Сава, според податоците кои ги доставува оваа страница.
Во Босна и Херцеговина се пребарувал Стариот мост во Мостар, додека пак Црна Гора и Хрватска најмногу внимание привлекувале со природните убавини – Бококоторски залив, односно Плитвичките езера.
Меѓутоа, после Ајфеловата кула во Европа разбирливо е вниманието да го привлече Саграда Фамилија, потоа античката скапоценост Колосеум во Рим и Акрополот во Атина.