Граѓаните се збунети и не знаат зошто има различни „гарантирани цени“ во различни маркети.
Велат дека и по одлуката на Владата, во маркетите во кои и претходно производите биле поскапи, производите имаат повисоки цени отколку во некои други маркети.
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија велат дека и до нив стигнуваат вакви прашања од потрошувачи, кои сметаат дека ист производ треба да има иста цена во сите маркети.
Оттаму објаснуваат дека цените некаде се повисоки, а некаде пониски, бидејќи ист производ од ист производител имал различна цена на 1 август, која е земена како референтна цена за намалувањето од 10 отсто
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press