Еден рестаран во Тексас објави невообичаен оглас за вработување: чување на домашни миленици додека гостите уживаат со храна и друштво во угостителскиот објект.
Кандидатот што ќе биде вработен за оваа работа ќе биде платен по 100 долари на час.
Неговите одговорности се да игра со домашните миленици, да го надгледува просторот којшто е наменет за нив и да комуницира со нивните сопственици.
Огласот е објавен од страна на dog Friendly ресторанот MUTTS Canine Cantina.
Сопственикот на ресторанот Кајл Нунан го објави огласот на инстаграм кадешто потенцијалните кандидати треба да објават духовити фотографии и видео содржини во кои ќе објаснат зошто веруваат дека токму тие се вистиснките кандидати за работата.
Кандидатите не смеат да бидат помлади од 18 години и алергични на животни.