Германската амбасада објави важно соопштение повод бројните дезинформации во јавноста и појавата на лажни посредници за издавање на работни визи.
Известувањата за нов закон што ќе влезе во сила од 1.1.2019г. и на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи да се вработат во некоја ЕУ-држава под истите услови како граѓани на земјите-членки на ЕУ, не се точни. На граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ потребна им е како досега, така и по 1.1.2019 г., валидна работна виза во Германија. Барањето за виза може да се поднесе само во германската Амбасада во Скопје и само таму се издава визата, стои во соопштението.
Амбасадата укажува уште еднаш дека таа не соработува со посредници или агенции, односно преку нив не може да се добие ниту термин порано, ниту пак да се забрза процесот на издавање на виза.
Таксата за виза и натаму изнесува 75 евра и се наплаќа во готово (исклучиво во евра) директно на шалтерот за виза кога се поднесува барање за виза. Други такси не постојат во визното одделение.
Добивањето на обрасци и упатства, како и закажувањето на термин се бесплатни.
За повеќе информации во врска со предусловите и времето на чекање за добивање на работна виза информирајте се на веб страната на германската Амбасада во Скопје.