Според оценката на американската консултантска компанија Boston Consulting Group, новиот граничен данок на јаглерод во ЕУ ќе предизвика поскапување на новите автомобили.
Регулативата на Европската унија за прекуграничниот механизам за прилагодување на цената на јаглеродот (CBAM) ги обврзува увозниците надвор од ЕУ да ѝ плаќаат данок на јаглеродот што го испуштаат за време на производството, како што се челикот и цементот.
Консалтинг групацијата Бостон посочи дека просечниот автомобил со четири врати содржи седум тони јаглерод диоксид (CO2), од кои нешто помалку од половина се однесуваат на челикот и алуминиумот што се користат за производство на автомобили.
Со оглед дека данокот на тон јаглерод во моментов изнесува 82,90 евра, просечната цена на нов автомобил се очекува да се зголеми за 580,30 евра.
Производителите веќе мораа да го откупат правото да испуштаат јаглерод диоксид (ETS) за да можат да го увезат она што им е потребно за производство.
На крајот на август, Полска објави дека ќе го оспори CBAM пред Европскиот суд на правдата, бидејќи тие тврдат дека воведувањето на CBAM бара едногласна поддршка, а не квалификувано мнозинство во ЕУ.
Полската министерка за клима, Ана Москва, истакна дека CBAM може да резултира со нерамномерно зголемување на трошоците за енергија низ Унијата и дека тоа е спротивно на принципот на енергетска солидарност.
Извор: vesnik.com