Овен
Многу нешта ќе се променат оваа недела, а вие ќе сакате тоа да го споделите со некого. Изберете го многу внимателно човекот со кој сакате да го споделите тоа. Може многу да ве охрабри, но може и да ве разочара. Внимавајте на вашето здравје. Среќен ден: Четврток
Бик
Неделата ќе ви биде исполнет со впечатоци, но и ќе биде многу напорен. Придржувајте се до идеите и мислењето на вашиот сакан, и да не ви се допаѓаат во моментот, на крајот ќе се покаже дека тие биле вистинска одлука. Среќен ден: Недела
Близнаци
Следете ги правилата. Неделата може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките. Среќен ден: Среда
Рак
Ќе имате можност да ги импресионирате своите соговорници со некаков свој личен талент, но ситуацијата ќе биде двонасочна. Од една страна, може да се покаже како нешто привремено и наскоро да предизвика разочарување кај луѓето кои ве подржуваат. Од друга страна, оние што се против вас ќе се обидат на секој можен начин да ве нападнат. Среќен ден: Петок
Лав
Бидете подготвени за тешкотии. Ќе ги надминете само ако ги искористите потенцијалните можности. Размислете објективно за ситуацијата во која се наоѓате и не се обидувајте да направите повеќе од она што сте способни. Среќен ден: Вторник
Девица
Расположението ви е прекрасно и оваа недела ќе бидете многу комуникативни, но во исто време ќе бидете и невнимателни. Воздржете се од непотребни приказни со кои можете да ги покажете вашите слаби страни и да си создадете потенцијални непријатели. Среќен ден: Сабота
Вага
Или ќе добиете дополнителни приходи или ќе направите добра соработка, која подоцна ќе ви донесе дополнителни приходи. И двете варијанти се еднакво добри за вас, но добро да не заборавите до каде е границата за да бидете спокојни. Среќен ден: Понеделник
Скорпија
Едвај ќе ви остане време да ви биде досадно. Но и едвај ќе ви остане време да се одморите. Бидете благодарани ако ви остане време да се напиете чаша од вашиот омилен пијалок со вашите пријатели. Ќе ја оставарите одамна посакуваната деловна цел. Среќен ден: Петок
Стрелец
Речиси во текот на целиот ден ќе треба да се занимавате со решавање на домашни или семејни проблеми. Конфликтите ќе бидат помеѓу вашите најблиски па сакале или не, и вие ќе бидете вклучени во нив. Тешко дека ќе остане смирени, барем обидете се да ги средите работите. Среќен ден: Вторник
Јарец
Обидете се да ги завршите вашите важни обврски до средина на неделата. Како што ќе минува неделата, така вашата енергија ќе опаѓа, а настаните ќе бидат променливи при што може да дојде до промена на вашите првични планови. Прифатете ја состојбата мирно. Среќен ден: Четврток
Водолија
Енергетското ниво ви е стабилно, но вие сте неразумни, непредвидливи и не сте склони на анализирање на логиката на настаните. Вашата самодоверба моментално се граничи со суетата и поради тоа можете да претрпите финансиска загуба. Среќен ден: Недела
Риби
Оваа недела ќе ви помине во знакот на љубовта. Покажете му на партнерот колку ви е важен дел од вашиот живот. Кон крајот на неделата ве очекува пријатно изненадување од некој пријател. Внимавајте на вашето однесување на работното место, не сте омилени меѓу соработниците. Среќен ден: Сабота
извор: exclusive.mk