
По септемвриското зголемување во Македонија на пензиите, слични вести доаѓаат и од кај нашиот северен сосед Србија. Зголемувањето на пензиите и другите права од пензиско и инвалидско осигурување за 5,5 отсто, почнувајќи од 1 октомври 2023 година, важи за сите корисници на пензии и други права во Србија.
Зголемените октомвриски пензии и други права Фондот на ПИО ќе ги исплати на почетокот на ноември 2023 година, соопштија српските институции.