Доколку по само една непроспиена ноќ сте целосно бескорисни тој ден, замислете само дека светскиот рекорд за неспиење е неверојатни 11 дена и 25 минути.
Недостатокот на сон е сериозен проблем
Сепак, важно е да се спомене дека тоа не значи дека отсуството на сон е корисно. Напротив, недостатокот на сон е сериозен проблем. Дури и доколку некој успее да остане буден со денови, тоа има негативни последици за неговото ментално и физичко здравје.
На пример, во 1959 година, радио водителот Питер Трип одлучил да ја емитува својата емисија неверојатни 201 часа како би собрал пари за добротворна организација. Веќе на третиот ден почнал да доживува халуцинации, дури и почнал да ги пцуе луѓето околу него.
Иако закрепнал по завршувањето на експериментот, членовите на неговото семејство тврделе дека тој никогаш повеќе не бил истиот човек.
И кога мислите дека не сте спиеле, честопати не е вистина
На интернет кружат приказни за луѓе кои тврдат дека воопшто не спијат или спијат само час или два во текот на ноќта. Советникот за спиење, д-р Кристофер Винтер, тврдел дека тоа е невистина.
Многу луѓе веруваат дека не спијат, но вистината е дека спијат без да го сфатат тоа“, изјавил тој за „Men’s Health“.
Д-р Винтер истакнал дека физички е невозможно да се остане буден со денови, бидејќи мозокот на крајот ќе го принуди човекот да заспие.
„Моето лично искуство беше дека останав буден 48 часа и тоа воопшто не беше забавно“, зборувал тој.
Да се одреди точно колку долго човек може да остане без сон е вистински предизвик. Дури и Гинисовата книга на рекорди престанала да ги документира таквите обиди со цел да ги заштити луѓето од потенцијалните негативни ефекти врз нивното здравје.
Она што е сигурно е дека на просечен возрасен човек потребни му се 7 до 9 часа сон. Доколку имате проблем со несоница, се препорачува да испробате различни методи и техники кои можат да ви помогнат полесно да заспиете.