Во текот на следната недела, до 31-ви октомври, посетете го најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот, разгледајте ја богатата понуда на работни места и пронајдете ја идеалната работа за вас.
Повеќето од нас сакаат да сонуваат. За патување во далечни и непознати места, освојување на џекпот или срцето на некоја драга личност, постигнување победнички гол во последните моменти од важен натпревар, споделување на сцената со музички идол... Или, пак, наоѓање совршена работа.
Работа на која нема да одиме намуртени, со грч во стомакот, туку со помисла дека новиот работен ден ќе не развесели и ќе ни даде енергија. Работна средина која ќе ја доживуваме како можност за учење и раст, а не како „нужно зло“. И опкружување каде ќе се чувствуваме ценети. Дали звучи премногу добро за да биде вистина? Па, не мора да биде така!
Можеби токму таква работа ве чека скриена зад аголот, на Регионалниот саем за вработување!
Богата и разновидна понуда на работни места
Најголемата онлајн средба на работодавачи и работобаратели од Македонија и регионот синоќа на полноќ ги отвори своите виртуелни врати и можете да ја посетите до 31 октомври. Во секое време од денот или ноќта, односно од 0 до 24!
На овогодинешниот саем учествуваат повеќе од 150 работодавачи кои се претставуваат со повеќе од илјада огласи за вработување. Без разлика на вашето претходно работно искуство или поле на интерес, веруваме дека во богатата понуда на различни слободни работни места ќе ја најдете онаа „скроена за вас“.
Во периодот од 24 - 31 октомври ќе имате можност виртуелно да ги посетите штандовите на Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Мехатроникс, Кромберг и Шуберт, Реплек, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Мајорел, Вабтек МЗТ, ПроКредит Банка, Флекс Кредит, Дојран Стил, Линамар, Адиент Аутомотиве, Дрекселмајер, Аптив, Вебхелп, Градежен Институт Македонија, Маркарт Македонија, Лакталис, Agile Pro Solutions, Teleperformance, Amfenol, Transcom и други. Работници од Македонија ќе бараат и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Philip Morris Services d.o.o. Beograd и Ingosoftware од Србија, Maistra Hospitality Group, GCCL (MALTA) RMD FLEET MGMT LTD, Metro, Konzum, Valamar и FraGround Fraport Ground GmbH од Хрватска, a од годинава за првпат на саемот имаме и работодавачи од Словенија, а станува збор за Univerzitetni klinični center Ljubljana.
Покрај компаниите од Македонија, работодавачите од земјите од регионот - Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина - исто така бараат да ги зајакнат своите тимови на саемот, а работодавачите се поделени во 4 клучни категории:
- Трговија
- ИТ и Технологии
- Финансии
- Услуги
Нурнете во светот на можностите
Со избирање на една од овие категории, ќе ви се отвори нов свет на можности.
На штандовите на работодавачите ќе ги најдете сите информации за работните услови, бенефициите и искуствата на вработените. Исто така, ќе можете да прегледате фотогалерии и видео материјали од идната работна средина за да добиете појасна слика за тоа што ве очекува.
Ако имате прашања или ви требаат дополнителни информации, можете директно да комуницирате со работодавачите преку опцијата чет и да дознаете сè што ве интересира.
По размена на пораки, можете да организирате видео интервју за подобро да го запознаете потенцијалниот работодавач. Тоа е одлична можност да ги покажете своите квалитети и вештини, а во исто време да дознаете сè што ве интересира за компанијата.
Аплицирањето на огласите е брзо и исклучително едноставно, а саемот ви нуди и можност за повеќекратно аплицирање на огласи повеќе огласи кои ви го привлекле вниманието.
Пред да аплицирате за конкретен оглас, ве советуваме да го освежите вашето CV и да креирате мотивационо писмо кое ќе ви помогне да го освоите потенцијалниот работодавач, а како да го направите тоа можете да дознаете на ЛИНКОТ.
И тоа е тоа!
Кликни за промена на подобро! Посети го Регионалниот саем за вработување од удобноста на твојот дом и најди ја идеалната работа за себе!