Не е непознато дека најголемата социјална мрежа на светот доста често е мета на хакерски напади. Многу од корисниците се загрижени дека постои можност и нивниот профил да биде еден од многуте хакирани профили. Со нападите, хакерите имаат пристап до вашите лични податоци: корисничкото име, полот, датумот на раѓање, јазикот, образованието, родното место, листата со пријатели, како и историјата на пребарување на самата социјална мрежа.
Доколку сте загрижени дека постои можност и вашиот фејсбук профил да бил мета на хакерски напад, се што треба да направите е да се логирате на истиот и да ја посетите страницата https://www.facebook.com/help/securitynotice. По пристапување на страницата ќе биде извршена проверка, а на самиот крај ќе имате известување дали профилот некогаш подложел на хакерски напад или не.
Доколку станува збор за позитивно известување, вие ќе бидете известени за тоа до кои податоци се имало пристап. Во секој случај, се препорачува редовно менување на лозинката како би се намалиле шансите за вакво нешто да се случи во иднина.