На крајот од секој долг ден најлесно е после топлиот туш да облечете пижами и да легнете во кревет. Но, дали некогаш сте се запрашале кои се потенцијалните ризици од спиењето со влажна коса? Иако нема да се разбудите со настинка или грип, сепак спиењето со мокра коса има одредени ефекти кои можат да имаат негативно влијание на вашата кожа и тело.
Оштетување на влакното
Косата е најмногу подложна на оштетување кога е влажна. Движењата што ги правите за време на спиењето доведуваат до влечење на вашата коса на различни начини, зголемувајќи го ризикот од оштетување.
Поголем ризик од заплетканост
Влажната коса многу полесно и побрзо се заплекува од сувата. Ваквата заплетканост доведува до создавање на јазли кои после ќе треба да ги исчеткате. Многу жени имаат тенденција да не ја четкаат нивната коса откако ќе излезат од туш поради страв од оштетување. Најдоброто решение е да користите четка со широки запци или едноставно да поминете со прстите преку косата, а потоа да ја исушите со пешкир.
Создавање на првут
Доколку имате првут поради сув скалп, егзема, па дури и габи треба да знаете дека ситуацијата можат да се влоши со спиењето со влажна коса. Топли, темни и влажни услови се особени погоди за габите, а скалпот е совршена средина за нивно развивање доколку одите во кревет со неисушена коса.
Појава на инфекции
Ringworm на скалпот е многу заразна габична инфекција која може ужасно да чеша, па дури и да предизвика нерамномерно губење на косата. Се манифестира со црвени, лушпести кругови, а се храни кога е во влажни и топли услови. Доколку се сомневате дека страдате од ваква состојба, консултирајте се со лекар и уверете се дека после секое туширање темелно ја сушите косата.
Можност за појава на главоболка
Доколку страдате од некоја инфекција, вашето тело ќе се обиде да се бори против неа преку зголемување на протокот на крв во погодената област. Овој зголемен проток може да го зголеми притисокот и тоа да доведе до појава на главоболка.
За да не дојде до вакви ситуации, еве неколку корисни совети за тоа како правилно да се грижите за вашата коса:
- исушете ја косата со пешкир чим завршите со туширање
- користете свилени или сатенски навлаки бидејќи тие помалку апсорбираат од памучните, а со тоа се минимизира ризикот од оштетување на косата додека спиете
- избегнувајте да ја оставата косата завиткана во крпа додека спиете бидејќи тоа доведува до зголемување на шансите за прекумерен раст на микроорганизмите
- дозволете и на вашата коса да се исуши правилно преку избегнување на цврсто завиткување или врзување на косата во пунџа
- капете се порано и осигурајте се дека вашата коса е целосно сува пред да легнете во кревет