Многумина останаа без зборови кога дознаа еден помалку познат факт за виножитата.
Тешко дека има некој што не го сака шарениот феномен, но многу луѓе не знаат дека виножитото се протега надвор од полукружниот лак што го гледаме од земјата.
Работник на ЕМС од Австралија објасни дека виножитата се всушност полни кругови и можат да се видат во целост само од небото.
„Дали знаевте дека виножитата се всушност цел круг? Обично го гледаме само лакот бидејќи земјата и хоризонтот го блокираат остатокот од кругот“, стои во описот на сликата на Фејсбук.
„Круг на животот“, „Убава“, „Фала што го споделивте“, „Го видов од авион и не ми се верува“, се само дел од коментарите под објавата.