![Железничкиот сообраќај од Скопје до Гевгелија се одвива комбинирано – со воз и автобус](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/a7/6666d77a-resize-820x0x100.jpg)
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од Македонски Железници соопштиле оти поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско (во близина на Стоби), железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот, (и патнички и товарен), но патничкиот сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз.
-Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици (Градско и Криволак), патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот Факултет во Скопје, во текот на денешниот ден е планирано да излезат на терен за да извршат увид на состојбата, информираат од ЦУК.