Секој што сака недвижен имот на грчкото крајбрежје сега може да го купи по цена и од 1.000 евра за метар квадратен.
Претходните години во Грција, на брегот на Егејското Море, владееше вистинско лудило за купување недвижен имот.
И токму кога се чинеше дека овој тренд падна, сега таму се повеќе се огласуваат недвижности, а цените се и повеќе од поволни.
Квадрат може да се најде и за 1.000 евра, па ако се потрудите, можете да најдете одлични имоти за 30, 40, па и 50 илјади евра.
На социјалната мрежа TikTok се објавени неколку огласи кои на прв поглед навистина изгледаат „премногу добри за да бидат вистинити“.
Така, еден стан се продава на Халкидики за 49.000 евра, а како што гледате се работи за новоизграден стан со поглед на море.
А во Пефкохори еден се продава за 35.000 евра, за кој инаку е многу тешко да се најде таков стан и на периферијата на Скопје.