Како да препознаете вистински мед е вечно актуелно прашање. Моментално сме во периодот од годината кога треба да се јаде за да се зачува имунитетот и да се одбраниме од вируси, а да дознаете каков мед јадете и дали е вистински или не, може да ви помогне следниот трик.
Особено е корисен кога мед се користи во кафулиња и ресторани.
Треба да го истурите во чинија и да го прелиете со малку вода. Потоа вртете ја чинијата во круг, така што водата циркулира околу медот. По одредено време ќе почнат да се формира саќе, бидејќи според Стефан Костиќ, кој ја покажува „финтата“, медот има меморија.
Ако медот е вистински, ќе се појави саќето, ако не е – логично, тогаш нема.
Погледнете како тоа изгледа во видеото.