Во третиот квартал статистичките податоци покажуваат дека стапката на слободни работни места изнесува 2,05 проценти, односно дека имало 10.224 слободни работни места.
Највисока стапка на слободни работни места од 3.11 % има во секторот В – Преработувачка индустрија, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.27 %.
Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.41 %.
Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.69 %.
Најголем број слободни работни места, односно 3 072, има во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.