
Италијанскиот производител на луксузни автомобили Ламборџини постигна договор со синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ за воведување четиридневна работна недела за своите производствени работници, претставници на компании и работнички здруженија соопштија вчера.
Синдикатите ФИОМ и ФИМ-ЦИСЛ договорот го нарекоа историски бидејќи Ламборџини како прва компанија во европската автомобилска индустрија значително го намалува работното време без намалување на платите, пренесува Ројтерс.
“Работејќи се помалку и подобро, тоа е принципот по кој се водеа овие преговори“, се вели во соопштението на синдикатот.