Колекцијата содржи над 100 автомобили, а наскоро драстично ќе порасне.
Зад импресивната колекција стои австралискиот претприемач Лоренс Ескаланте.
Во текот на изминатите неколку години, тој ја собра една од најреспектабилните колекции на автомобили во светот.
Списокот веројатно го вклучува секој актуелен суперспортски автомобил, вклучително и хиперспортските егзотици како што се Aston Martin Valkyrie AMR Pro, неколку McLaren Elves, Mercedes-Benz SLR McLaren HDK и Lamborghini Essenza SCV12 и Ferrari FXX K Evo со кои се трка во неговото слободно време.
Видеото открива само половина од колекцијата од околу 100 автомобили вредни над 100 милиони долари. Секако, Ескаланте купи и Lamborghini Countach LPI 800-4 и Bugatti Chiron Super Sport, McLaren P1, Ferrari Daytona SP3 итн. Тој исто така нарача и тркачки Bugatti Bolide, кој ќе биде изменет за употреба на јавни патишта. Планот е неговата колекција да се зголеми на речиси 200 автомобили и тоа во текот на следната година.
Лоренс Ескаланте е сопственик на онлајн казиното Virtual Gaming Worlds и се збогатил за време на пандемијата кога оваа форма на игра стана исклучително популарна. Се проценува дека тежи околу три милијарди долари. Сопственикот на најимпресивната колекција на автомобили во Австралија и пошироко е познат по тоа што ги вози своите автомобили, а понекогаш и прави сообраќајни несреќи.