Николас Пуех, внукот на основачот на Хермес, се проценува дека има богатство вредно меѓу 9 и 10 милијарди швајцарски франци. Тој е самец и нема деца, а сега неговиот план е да напише тестамент и да го додели своето огромно богатство со својот поранешен градинар.
Пуех, 80-годишниот Французин и главен акционер на Хермес, сега сака да го посвои својот поранешен вработен за да може да го именува за негов наследник. Се верува дека Пуех поседува помеѓу 5 и 6 проценти од луксузниот француски бренд за кожа Хермес, бидејќи е внук на основачот на брендот.
Тој сака да го прераспредели своето богатство на поранешниот градинар и мајстор, 51-годишник од скромно мароканско семејство, пишува „Tribune de Geneve“. Според магазинот „Bilan“, кој годишно ги рангира 300-те најбогати поединци во Швајцарија, неговото богатство се проценува на меѓу 9 и 10 милијарди швајцарски франци или меѓу 9,4 и 10,4 милијарди евра.
„Euronews“ пишува дека Пуех живее во Вале, Швајцарија и наводно веќе презел чекори за реновирање на неговиот имот и ангажирал адвокати кои ќе му помогнат во процесот на посвојување. Иако не е невозможно да се посвои возрасно лице во Швајцарија, постапката сепак е комплицирана и е опишана како „необичен потфат“.
Компликации се појавија и поради веќе постоечкиот договор за наследство што Пуех го потпишал со фондацијата Исократ со седиште во Женева во 2011 година. Фондацијата признала за АФП дека дури сега биле свесни за желбата на Пуех да го откаже договорот и рекле дека не знаат за какви било алтернативни аранжмани.