При изборот на истакнати жени во сите полиња, од политиката и претприемништвото до светот на забавата, магазинот Форбс се води според критериуми кои се сведуваат на пари, медиумско присуство и лично влијание. Објавена е нивната листа на најмоќни жени во 2023 година.
На годишната листа на најмоќни жени на магазинот Форбс, оваа година се најде и кукла – Барби.
При изборот на истакнати жени во сите полиња, од политиката и претприемништвото до светот на забавата, магазинот Форбс се води според критериуми кои се сведуваат на пари, медиумско присуство и лично влијание. Објавена е нивната листа на најмоќни жени во 2023 година.
Но, овој пат меѓу лидерите кои со своите постапки го дефинираат светот, за првпат има и кукла. Станува збор за Барби, култната играчка и хероината на истоимениот филм, кој беше многу популарен летово.
Таа е првиот измислен лик вклучен во престижната листа и го зазема 100-тото место, пишува Форбс.
Се појави на листата како симбол на зајакнување на жените и неконвенционален поттик за борбата на жените да ги вратат правата што им беа одземени.
Накратко, Барби е многу повеќе од пластична играчка.
Ја претставува потребата жените да се борат за да ги уживаат правата што им биле одземени, од пристапот на девојчињата до образование во Авганистан и личните права во Иран до заштитата од родово засновано насилство во конфликтните зони како Украина и Газа, според Форбс.
Барби го помина тешкиот тест: речиси 65 години откако беше создадена, таа го достигна врвот на моќта. На пример, по филмот, продажбата на куклата Барби скокна за 16 отсто, што е разлика од 605 милиони долари повеќе во споредба со истиот период минатата година.
Според истражувањето, куклата Барби би можела да ја зголеми глобалната продажба на 14 милијарди долари до 2027 година. Дополнително, филмот заработи 1,4 милијарди долари на светскиот бокс офис.
За филмот толку се зборуваше што беше проследено со цело модно движење, насочено кон интензивната розова боја. Куклата има повеќе од пет милиони следбеници на TikTok и Instagram и речиси 12 милиони претплатници на YouTube.
Исто така, треба да се додаде дека во 1959 година, кога Барби беше претставена во јавноста, жените не можеа да позајмуваат пари од банка или да отворат сметка без потпис на нивниот сопруг или татко. Рут Хендлер ја создаде Барби како кукла за да и покаже на ќерката дека може да избере кариера во животот ако сака.