За да можеме да ги оствариме нашите цели треба да го промениме нашето однесување и постојано да се надградуваме на секое поле. Остварувањето на посакуваните цели е сосема возможна мисија. Треба само да одржувате одредена конзистентност и да одите чекор по чекор кон исполнување на сопствените замисли. За да го постигнете ова, треба да ги елиминирате работите кои го забавуваат процесот на одење напред.
Поради тоа, треба да внимавате на девет работи кои претставуваат најголема пречка кон остварување на животните цели.
Сакате сега и сакате одма
Голем дел од луѓето не само што сакаат да им се понуди добра работа со висока плата, туку тоа го сакаат веднаш. Тоа е сосема погрешен пристап. Најпрво треба да бидете благодарни за тоа што веќе го имате. Нареден чекор е да се потрудите да работите напорно за подоцна да можете да уживате во плодовите од сопствениот труд. Ниту еден успех не доаѓа преку ноќ. За сите вредни работи треба многу работа, посветеност и најважно, време.
Имате страв од неуспех
Денешно време имаме погрешна перцепција за тоа што претставува неуспех. Повеќето луѓе, поради страв од можен неуспех се откажуваат уште пред да пробаат. Поради ова, многумина не доживуваат остварување на сопствените соништа. Вистината е дека неуспехот е скапоцен подарок. Тоа е неизбежен чекор кон вашиот успех и нешто што ќе ви се случи повеќе од еднаш. Тоа е доказ дека превземате акции за да го добиете тоа што сакате. Неуспехот ќе ви помогне да не ги повторувате истите грешки. Продолжувајте да се обидувате, не се плашете од неуспех и на крај ќе го остварите посакуваното.
Се фокусирате само на крајниот резултат
Нетрпеливоста и мислењето само на крајниот резултат ќе направат да се чувствувате дека се што сте направиле до сега не е доволно. Наместо да се опседнувате со целта, пробајте да уживате во процесот и помалку да размислувате за крајниот резултат.
Превземате големи чекори
Има одреден пат што треба да се помине пред да се стигне до посакуваната цел. Патот ќе ви го даде потребното искуство за да можете на крај да се справите со успехот што ве чека. Поделете ги вашите цели во мали чекори, а потоа во уште помали се додека не добиете листа на едноставни задачи што ќе треба да извршувате секој ден. Тие задачи треба да бидат толку лесни и брзи за извршување што ќе биде невозможно да не ги завршите. Ова е одличен начин на функционирање бидејќи големите чекори ни предизвикуваат страв и неретко прават да не сакаме ни да се обидеме.
Пронаоѓате различни изговори
Изговорите прават да останете во вашата удобна зона и да ги правите истите активности и задачи одново и одново. Изговорите од типот "Не сум спремен", "Не е правото време", "Немам доволно финансии/време/искуство", "Претешко е", "Луѓето ќе ми се смеат" и слично треба да ги заборавите.
Постојано одложувате
Најдоброто време да го направите она што го сакате е сега. Сегашниот момент е времето кога ја креирате својата иднина и единствениот пат кога ќе можете да бидете продуктивни и да работите на она во што верувате. Започнете веднаш со реализирање на сопствените соништа и не им дозволувајте на изговорите и стравовите да се создадат во вашата глава.
Имате преголеми очекувања
Очекувате работите да се одвиваат на одреден начин, а луѓето да се однесуваат како што имате замислено. Кога ова нема да се случи вие ќе се чувствувате вознемирено и ќе ја изгубите секоја мотивација за да превземете било каква акција. Станува збор за деструктивно однесување кое може да донесе само разочарување. Поради тоа, елиминирајте ги сценаријата што ги имате во вашата глава и започнете да делувате.
Непотребни работи ви го одолговлекуваат вниманието
Ќе постојат луѓе кои ќе се сомневаат во вас и ќе ве натераат да изгубите надеж доколку продолжите да ги слушате. Меѓу другото, ќе има и многу искушенија на патот до успехот. Пример за такви искушенија се одредени активности кои моментално делуваат како добра идеја, но ако ја видите пошироката слика ќе сфатите дека истите само непотребно ќе ви го одземат времето. Дури и ако некогаш почувствувате дека животот не е фер, сетете се дека вие сте го одбрале овој пат и дека се што правите, правите за себе.
Недостаток на конзистентност
Што и да правите, ако не го правите секој ден нема да забележените никаков прогрес. Конзистентноста е особина на успешните луѓе и како и се друго, ако се негува- станува навика. Без оваа особина нема да стигнете далеку.
Запомнете: Не го добивате она што го сакате или што мислите дека го заслужувате. Наместо тоа, го добивате токму она за кое работите, она на што се фокусирате и за она за кое превземате акција секој ден.