Човек кој тврдеше дека нема вештини, нема образование – сега заработува повеќе од лекар. Кори Роквел (38,) заработува 160.000 долари годишно – повеќе од просечната плата на помладите лекари – како рудар.
Со години бил „изгубен“ без конкретна цел во животот и се чувствувал „заробен“. Кори дури се обидувал, но не успеал да ја задржи работата во локалниот супермаркет, пред да му се пружи „сламка за спас“ да работи како рудар.
„Бев изгубен и немав поим што сакам да правам“, пренесува „Daily Star“.
„Во тоа време немав образование, немав вештини, немав девојка ниту дете. Знаев дека залудно си го трошам животот доколку не заминам од Лос Анџелес.“
Оттогаш, рударот заработил чудесна плата и станал тикток ѕвезда, каде ги снима своите работни денови. Но, одлуката која му го променила животот значела дека тој мора да се отсели далеку од сјајот и гламурот на ЛА.
Агенцијата за вработување во рударството му понудила шестмесечен договор во град оддалечен 1.000 километри во Невада – каде што работи веќе четири години.
Тврди дека сака валкана работа и „настојува да биде највалканата личност во рудникот“.
„Сега сум рудар – мојата работа ми го спаси животот.“
Поранешниот жител на ЛА заработува 37 долари од час – со бонус до дополнителни 30 долари од час.
„Платата е добра. Најмногу што сум заработил за една година беше 160.000 долари.“
Но, одговорноста за детонирање на експлозив е она што му носи најголема заработувачка.
Меѓутоа, работата носи многу опасности. Од зовриена вода која се излева од ѕидовите до урнатини – работата во рудник може да биде застрашувачка.
Меѓутоа, иако парите се добри, тој мора да работи 12-саатни смени, седум дена секоја втора недела, за да ги заработи.
И тоа почнува во 6 часот наутро, каде останува длабоко под земја во темнината додека не му заврши смената во 18 часот.
„Додека да се вратам дома толку сум психички, физички и емоционално исцрпен што можам да спијам 20 часа без никакви проблеми“, објаснил рударот.