На самиот врв на листата на најбезбедни земји е Исланд, а потоа следуваат скандинавските земји, што не е изненадување. Словенија и Хрватска се најдобро рангирани земји во регионот.
Најновиот извештај на Глобалниот индекс на мирот, изработен од Институтот за економија и мир, презентираше анализа на светските трендови во мирот, неговата економска вредност и начинот на кој се развиваат општествата. Неговата задача била да ги рангира земјите, односно во извештајот да наведе кои се моментално најбезбедните земји во светот.
Извештајот зема предвид бројни фактори и категории, вклучувајќи ја перцепцијата на криминалот, стапката на убиства, насилните демонстрации или политичката нестабилност. Покрај тоа, делот се однесува и на увозот и извозот на оружје, влијанието на тероризмот, можноста за нуклеарно и тешко оружје и други.
Исланд е на самиот врв на листата, додека Нов Зеланд и Ирска се на второто и третото место.
На самото дно на листата, како најмалку безбедни земји се Авганистан, Јужен Судан, Јемен, Сирија, Русија и Украина. Извештајот, исто така, потврдува дека глобалниот мир се влошува девет последователни години, оваа година за 0,42%. Конфликтот во Украина и Израел беа наведени како главни причини за влошување на мирот, но интензитетот на конфликтот растеше во светот уште порано.
Дека работите не се само лоши, покажува и трендот на одредени земји кои напредувале на листата.
Земјите кои направија најголема позитивна промена се Либија, Бурунди, Брегот на Слоновата Коска и Оман.