Дали некогаш сте се запрашале зошто баш овие две бои се синоним за Нова година и Божиќ?
Продавниците се веќе полни со украси, а боите што без сомнеж преовладуваат се црвената и зелената.
Дали некогаш сте се запрашале зошто баш овие две бои се синоним за Нова година и Божиќ?
Зелена
Божиќното дрвце (Ilex aquifolium) и смреката веќе долги години се користат при украсување за време на новогодишните празници. Зимата е ладна и тмурна, па токму поради тоа зимзелените билки се користат за декорација – како потсетник дека зимата нема да трае вечно.
Црвена
Црвената боја на бобинките за Христијаните ја претставува Исусовата крв затоа што тој се жртвувал за луѓето. Таа е потсетник за тоа што Спасителот направил за верниците.
Други бои што често се користат за новогодишните и божиќните украси се златната, белата и сината. Еден од трите светски цареви му донел злато како подарок на малиот Исус, а златото ја симболизира и ѕвездата што тројцата кралеви ја следеле на патот кон Витлеем.
Белата симболизира мир и чистота, додека сината боја е симбол на мајката на Исус, Дева Марија, а исто така се толкува и како синоним за небото и рајот.