![Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци низ државата](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/e6/8df8176e-resize-820x0x100.jpg)
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози.
-Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Скопје – Куманово, Скопје – Велес и Велес – Неготино, од 70 – 100 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и до 100 метри на патниот правец Прилеп – Македонски Брод – Кичево, информираат утрово од ЈП Македонијапат.
По усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат од екипите на ЈП Македонијапат.