![Бесплатно паркирање во Скопје во зоните А, Б, Ц и Д на 1 и 8 јануари](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/3c/bedff0c3-resize-820x0x100.jpg)
На 1 и 8 јануари, односно Нова година и прв ден Божик, на јавните површини наменети за паркирање (зонско) со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата, известуваат од јавното претпријатие.
Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нагласуваат дека редовна наплата ќе се врши на следните паркиралишта:
-Зона А0- Водно,
-Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и
-Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и Kлинички центар „Мајка Тереза“.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им ги честита новогодишните празници со желби за добро здравје, мир и благосостојба.