Во периодот по Нова година нашите фрижидери се полни со остатоци од храна. Прашањето за тоа колку долго е безбедно да се чуваат остатоците е вообичаено прашање во овој период.
Според агенциите за безбедност на храна, варената риба и месо може да се чуваат во фрижидер три до четири дена. Во случајот на млечните производи, одговорот зависи од состојките кои се користат во јадењето. На пример, кашкавалот трае подолго од кремастите млечни намази.
„Колку долго ќе ги чувате остатоците од храната во фрижидер зависи од неколку фактори, вклучувајќи ја температурата на вашиот фрижидер, свежината на храната пред Нова година. Безбедно е да се чува храната неколку дена по Нова година, под услов да се чува во фрижидер и правилно да се чува. Но, проверете го мирисот и изгледот на храната пред секоја употреба“, вели д-р Бабак Ашрафи.
Температурата во најстудениот дел од фрижидерот треба да биде под пет степени Целзиусови. Ако консумирате месо кое било на повисока температура или предолго стоело, ризикувате да се отруете.
„Оставањето на месото на собна температура или недоволното замрзнување може да го поттикне растот на бактериите и да доведе до болести кои се пренесуваат преку храна. Одредени бактерии, како што се салмонела и E. coli, можат да растат во месото и да предизвикаат повраќање, дијареа и болки во стомакот“, објасни тој.
Ако храната мириса лошо или не изгледа добро, фрлете ја. Доколку не сте сигурни, повторно се советува да ја фрлите. Тоа е подобра опција од ризикот од труење.