Малта, сончевата убавица на средниот Медитеран, нуди богата историја, култура и прекрасни плажи.
Откријте ја оваа земја низ нејзината стара историја и трите прекрасни острови.
Три острови во една земја
Малта, Гозо и речиси ненаселениот Комино ја прават оваа земја единствена. Поврзани се со заедничка историја, јазик, како и дух на еден народ, пишува „Daily Mail“.
Културно богатство
Валета, главниот град којшто е под заштита на УНЕСКО, нуди приказна за витешките редови, барокната уметност и богата историја. Мдина исто така е популарна локација на која се снимала серијата „Игра на тронови“.
Фестивали
Се приближува 50-годишнина од републиката, Малта ќе биде седиште на многу музички фестивали, како и различни програми за забава и сите туристи ќе можат да уживаат во богатата културна содржина.
Место за авантуристи
Од истражување на морските карпи и нуркање до авантури како што се кајакарење и флајбординг, Малта нуди низа активности за секој љубител на авантурите. Освен тоа островите во Малта нудат разновидни плажи и базени за опуштање.
Гастрономска магија
Малтешката кујна е комбинација на влијание на разни империи, од Француска до Арапска. Свежите производи, традиционалните јадења и локалните вина ја прават оваа кујна единствена.
Малта е совршена комбинација на историја, култура, авантура и гастрономија. Со 300 сончеви денови годишно, дава идеална можност за уживање во медитеранскиот шарм.