Денеска е последниот ден од празничните денови кои граѓаните ги искористија за патувања во странство.
Луѓето се враќаат дома, но има и огромен број кој денешниот ден ќе го поминат или во соседна Србија, или пак на потопло, односно во Грција.
Утринава камерите на граничните премини Табановце меѓу Македонија и Србија, како и Богородица меѓу Македонија и Грција забележаа долги колони возила.