Ако сте купиле нов „iPhone“ или „Galaxy“ уред во изминатите неколку месеци, има добри вести.
Најновите статистички податоци од тимот за препродажба на „SellCell“ открија колку уредите паднале во вредноста откако биле пуштени во продажба, а според нивните податоци, најновите уреди на „Apple“ и „Samsung“ се држат доста добро.
На прво место е „iPhone 15 Pro Max 256GB“, кој изгуби само 18,2% од вредноста, што е многу подобар резултат од „iPhone 14“, кој пристигна во продавниците во 2022-ра година, пренесува „Mirror“.
Уредите на „Apple“ се познати по тоа што ја држат својата вредност многу подобро од „Android“, но новите податоци покажуваат дека и „Samsung“ работи прилично добро. „SellCell“ наведува дека „Samsung Galaxy S23“ е во топ 15 телефони кои ја задржуваат најдобрата вредност за 2023-та година, а покрај тоа, неговата вредност паѓа помалку од другите „Android“.
„Pixel“ имаше најлоши резултати. Според „SellCell“, опсегот на „Google Pixel 8“ уреди во просек изгубил 62,2% од својата вредност.
Подолу погледнете ја комплетната листа на паметни телефони кои изгубиле најмала вредност, што може да биде доста корисна информација доколку сакате да го замените телефонот за друг уред или да купите нов:
1. iPhone 15 Pro Max – 256GB – 18,2% по три месеци
2. iPhone 15 – 256GB – 22% по три месеци
3. iPhone 15 Plus – 256GB – 24,7% по три месеци
4. iPhone 15 – 128GB – 24,8% по три месеци
5. iPhone 15 Pro – 256GB – 24,9% по три месеци
6. iPhone 15 Pro Max – 512GB – 26,3% по три месеци
7. iPhone 15 Pro – 128GB – 27,1% по три месеци
8. iPhone 15 Plus – 128GB – 27,5% по три месеци
9. iPhone 15 – 512GB – 31,7% по три месеци
10. iPhone 15 Pro Max – 1TB – 32,4% по три месеци
11. iPhone 15 Pro – 512GB – 32,6% по три месеци
12. iPhone 15 Plus – 512GB – 33,1% по три месеци
13. Galaxy S23 Plus – 256GB – 35,3% по три месеци
14. iPhone 15 Pro – 1TB – 37,3% по три месеци
15. Galaxy S23 Plus – 512GB – 38,3% по три месеци