![Фотографии кои будат носталгија: Како изгледаше просечната дневна соба во Југославија во 80-те](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/be/0be545eb-resize-820x0x100.jpg)
На Инстаграм страната „Yugonostalgia“ се објавени фотографии кои покажуваат како изгледала една просечна дневна соба во периодот на 80-те години.
Гломазни фотелји и троседи во неутрални бои, теписи од ѕид до ѕид, регали кои целосно ги покриваат ѕидовите со стари телевизори и радија - ова е слика која е врежана во меморијата на постарите генерации, а беше дел од речиси секој дом во текот на 70-те и 80-те во земјите од поранешна Југославија.
„Просечни дневни соби на Југословените во текот на 80-те“, стои во описот на фотографиите.
На фотографиите можат да се забележат и стара машина за пишување, шаховска табла и комплети садови во стаклениот дел од регалот.
Уште една незаобиколна карактеристика на домовите во овој период беа тапетите со различни принтови на ѕидовите.
Фотографијата кај многумина пробуди носталгија, а во коментари луѓето пишуваат дека не пробале поудобни фотелји и дека изгледа како временска машина, а некои навеле дека сè уште имаат такви парчиња мебел.