Кевин Кларк од Америка е роден во 1983 година во Њу Џерси, а при раѓањето тежел неверојатни 7,3 килограми. Тој се сметал за најголемото бебе некогаш родено во Њу Џерси и едно од најголемите во светот.
Неговата мајка Патриша Кларк била шокирана кога го видела својот син за првпат. Таа веднаш се пошегувала дека ќе мора да купи нова облека за своето бебе-џин бидејќи онаа која ја подготвиле за него била премала.
Кевин денес има 41 година, а во текот на растењето секогаш бил повисок од сите деца со кои бил во друштво. На само 12-годишна возраст бил висок 170 центиметри, а само неколку години подоцна достигнал висина и до 195 центиметри.
Денес Кларк е висок 205 центиметри и тежок 136 килограми. Вели дека луѓето често го застануваат на улица бидејќи е импресивна појава речиси за сите.
Единствената потешкотија која Кевин ја чувствува е тоа што автомобилите се претесни за него, туш-кабините се прениски, а често мора да се наведнува кога влегува во одредени простории.