Имплантот на компанијата „Neuralink“ е осмислен за на луѓето да им овозможи со своите мисли да управуваат со паметниот телефон, како и со други технологии.
Компанијата за медицинска технологија „Neuralink“, во сопственост на Илон Маск, за прв пат вгради имплант во човечки мозок.
Имплантот на компанијата „Neuralink“ е осмислен за на луѓето да им овозможи со своите мисли да управуваат со паметниот телефон, како и со други технологии.
Минатиот мај на „Neuralink“ му беше одобрена употреба на импланти во клиничко истражување на луѓе, откако претходно беше тестиран на мајмуни. Имплантот има 1.024 електроди кои робот ги спојува со мозокот со помош на игла.
За клиничкото испитување, „Neuralnik“ барал пациенти со тетраплегија, парализа на рацете и нозете. Кога луѓето ќе почнат да се движат, одредено подрачје на мозокот станува активно. Електродите ги фаќаат тие сигнали и тоа би требало да биде доволно за да се замисли движењето за управување со курсорот на компјутер, на пример. Дури и со успешна операција, пациентите мора да минат месеци во учење да управуваат со компјутерите со помош на своите мисли.
Неколку конкуренти во игра
Истражувањето на ваквите врски меѓу мозокот и компјутерот трае веќе со години и кај луѓе веќе се вградени разни импланти.
„Neuralink“ има неколку конкуренти кои исто така се надеваат на комерцијална употреба на технологијата.
Една од нив, „Precision Neuroscience“, сака својот имплант, кој исто така има 1.024 електроди, да го прицврсти за мозок на минимално инвазивен начин со многу фин рез на главата.
Ривалот „Synchron“ користи 16 електроди за преку крвните вени да го доведе својот систем во вистинските подрачја на мозокот.
Клиничкото истражување на „Neuralink“ е планирано во траење од шест години, пренесува „Hina“.