Според старите верувања, Pilea peperomioides, зимзелено растение кое потекнува од јужна Кина, може да донесе финансиска среќа, поради што едно од неговите имиња е Кинески долар.
Pilea peperomioides (кинески долар) е растение кое ја привлекува енергијата на богатството и благосостојбата.
Оваа издржлива билка уште се нарекува и мисионерско растение, бидејќи во четириесеттите години на минатиот век во Норвешка од Кина го донел норвешкиот мисионер Агнар Еспергрен, а набрзо се распространило и во другите скандинавски земји и Европа.
Неговото латинско име доаѓа од грчкиот збор pilos, што значи предмет направен од филц.
Кинескиот долар е собно растение кое расте бавно и постигнува висина до 30 см. Изгледа како деликатно растение, но всушност е многу издржливо и неговото одржување не е воопшто тешко. На издолжените гранки кои изгледаат како да се лупат, се создаваат бројни темнозелени тркалезни листови. Кога времето е топло (пролет и лето) можете да го чувате надвор, но со почетокот на есента потребно е да го внесете внатре бидејќи тешко ќе ги преживее ниските температури.
За билката Кинески долар, добро е да има што е можно повеќе светлина, но не и директно сонце.
Ова зимзелено растение може да се размножува со семе, но најлесно се размножува со сечење. Дрвените стебла се сечат и се ставаат во вода сè додека не пуштат подолги корени. Потоа се пресадува во нови проѕирни тегли со дупки, бидејќи земјата треба да се исуши по наводнувањето.
За време на топлите денови, наводнувајте го растението често, така што лисјата да не му висат, иако добро ја поднесува и тврдата и сувата земја. Кинескиот долар најдобро ќе успее на полузасенето место, добро е да има што повеќе светлина, но не и директна сончева светлина. Благодарна е и затоа што не ја напаѓаат штетници или болести.
Според некои источни верувања, еден од најпознатите исцелители на негативна енергија во домот се растенијата – претежно бујни зелени растенија кои носат не само позитивни вибрации за добро расположение на домаќинството, туку и богатство. Таков е Кинескиот долар за кој се верува дека особено привлекува енергија на богатството и благосостојбата и ќе донесе повеќе пари за домаќинството. Затоа, ваквите растенија дури се пренесуваат во некои азиски земји како највредни и најскапоцени подароци од генерација на генерација.