Северна Кореја е позната по својот таинствен и авторитарен режим, а информациите за земјата често се ограничени и тешко се проверуваат.
Важно е да се напомене дека информациите од Северна Кореја често се ретки, а некои извештаи може да се неверодостојни. Меѓутоа, она што се знае е дека диктаторскиот режим на контроверзниот лидер на Северна Кореја Ким Јонг Ун прилично ги ограничува животите на граѓаните.
Покрај поседувањето на Библијата и верата во Бога во Северна Кореја се забранети уште многу други работи, како на пример Северна Кореја да се нарече Северната Кореја. Ова е листата на 10 закони поставени од режимот на Ким Јонг Ун.
1. Ако избие пожар во вашата куќа, она што прво го спасувате се портретите на Ким Јонг Ун (не фамилијата), инаку ќе добиете затворска казна.
2. Во секоја просторија мора да има слики од Ким Јонг Ун. Инспекција редовно поминува за да провери дали сликите се перфектно чисти.
3. Работата не си ја бирате вие самите, туку државата. Ако сте син, ќе го работите она што го работел и вашиот татко.
4. Државата ви ја одредува фризурата. Постои список на 28 фризури кои смеете да ги имате.
5. Вака изгледа Северна Кореја преку ноќ. Имате ограничена количина на струја која можете да ја користите.
6. Забрането е да се верува во Бог.
7. Забрането е да не се гласа. Секако се гласа за единствената опција.
8. Забрането е излегувањето од земјата. Доколку некој побегне и биде пронајден, го враќаат во земјата и го погубуваат, можеби и целото семејство на бегалецот.
9. Забранети се меѓународни повици, кој и да се обидел да стапи во контакт со родините во Јужна Кореја бил убиен.
10. Забрането е сурфање на интернет. Дозволени се само одредени сајтови.