Фановите на Windows веднаш ќе разберат дека зборуваме за позадината што го краси системот XP од 2001 година. Сликата ја погледнале повеќе од милијарда луѓе, но не сите се запознаени со нејзината историја.
Долго време се веруваше дека фотографијата е лажна, поточно дигитална креација, но всушност станува збор за пејзаж кој се наоѓа во близина на Сонома, северно од Сан Франциско.
Снимено е сосема случајно во еден сончев ден во јануари 1996 година, додека фотографот Чарлс О'Рир возел.
„Се снимаше во близина на мојата куќа, а јас бев на гости кај една девојка. Денот беше баш таков. Фотографијата не е едитирана во фотошоп“, објасни тој.
Пет години подоцна, Мајкрософт го контактирал О'Рир кој сакал да ги купи правата на фотографијата, пренесува The Sun.
Тој откри дека му била платена втората најголема сума досега за една слика, но не сакал да каже колку. Се шпекулира дека се работи за шестцифрена исплата.
Charles O'Rear with world's most viewed photo, 'Bliss', made in Sonoma County, California, 1996 pic.twitter.com/1bgSlpsW5u
— Music Non Stop (@musicnonstop20) November 1, 2015
Тој лично отпатувал во Сиетл за да го испорача оригиналниот филм (Фуџи Велвија).
Зборувајќи за влијанието на сликата, тој рече:
„Немав поим како ќе се одвиваат работите. Се сомневам дека дури и експертите вклучени во создавањето на Windows XP не можеа да погодат колку ќе биде успешно. Но, таа е насекаде, а фотографијата е видлива на толку многу места“, рече О'Рир.