– Беше многу возбуден затоа што не очекуваше да добие толку висока оценка. Навистина е горд на себе и мислам дека тоа е нешто што ќе го помни до крајот на животот. Кога беше помал, знаевме дека е добар со бројки и математика. Навистина сум горд на него што реши да оди на ова тестирање на толку млада возраст, изјави Френк Леунг.
Сајрус Леунг, 12-годишно дете од Хонг Конг, кое живее во Велика Британија, ѝ се приклучи на Менса, откако неговиот тест за коефициент на интелигенција покажа дека има ист количник како познатите физичари и научници, Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Сајрус има коефициент 160, доволно за да биде член на Менса – меѓународна елитна група од поединци со висок коефициент на интелигенција, основана 1947 година. Неговиот татко Френк, 42-годишен програмер, му предложил на Сајрус да оди на тестирањето затоа што верувал дека тоа ќе му помогне на детето да најде другарчиња со слични интереси, објави „Јоркшир пост“.
– Беше многу возбуден затоа што не очекуваше да добие толку висока оценка. Навистина е горд на себе и мислам дека тоа е нешто што ќе го помни до крајот на животот. Кога беше помал, знаевме дека е добар со бројки и математика. Навистина сум горд на него што реши да оди на ова тестирање на толку млада возраст, изјави Френк Леунг.
Се работи за седмоодделенец од Хонг Конг, Кина, кој оди во училиштето „Биркдејл“ во Шефилд, Англија. Во Обединетото Кралство се преселил од во 2019 година. Сајрус е талентиран пијанист, а сака да се занимава и со математика или некоја друга наука.