Додека граѓаните губат нерви со обврската која им се наметна со регистарските таблички, во скопски Чаир почна да цвета нов бизнис. Налепници се продаваат во некои од тамошните продавници и тоа по цена од 100 денари, односно две за предната и задната регистарска табличка.
Но тоа не е се. Налепници се продаваат и на сајтовите за огласување каде огласувачот вели дека ги праќа и по карго.
Со оглед дека во станиците за технички преглед се чека предолго и се створија невидени гужви дел од граѓаните се одлучија на ваков начин да ја завршат работата.