![Просечната нето-плата за декември е 39.998 денари](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/d8/b6c8c48d-resize-820x0x100.jpg)
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39.998 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, изнесува 116.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27.5 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (27.1 %) и Градежништво (21.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (9.7 %), Уметност, забава и рекреација (9.0 %) и Рударство и вадење на камен (8.6 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2023 година, изнесува 39 998 денари.