Јелена Ѓоковиќ потекнува од скромно семејство поради што морала да работи уште како мала за да ги постигне своите цели.
Нејзината пријателка од одделението за медиумите раскажала за тоа колку Јелена се трудела да ги постигне своите цели, да стекне високо образование и со што се занимавала.
„Јелена отсекогаш беше поразлична од сите нас, беше амбициозно девојче. Имаше проблеми да се вклопи во друштвото поради тоа. Сакаше да тренира, да учи, да работи, а тоа нашите врсници не го разбираа баш најдобро“, започнала да зборува дамата која рекла дека не сака да ѝ се спомнува името.
Но, сепак таа продолжила да ги изнесува деталите
„Сега, кога гледам од оваа дистанца, добро е што беше вредна и упорна девојка. Тренираше тенис цело основно училиште и оттаму датира нејзиното познанство со Новак. Сестра ѝ и таа сакаа да одат во странство, а еден од начините да го остварат тоа беше спортската стипендија поради тоа што нивните родители немаа пари“, истакнала нејзината пријателка.
„Сестра ѝ прва замина и тоа за Јелена беше голем шок затоа што со неа беше исклучително поврзана“, вели пријателката и за крај открила каде избраничката на Новак работела и колку пари имала.
„Работеше како шанкерка во една обложувалница. Имаше плата од околу 28.000 динари (14.000 денари). Секогаш доаѓаше пред сите на работа, беше многу вредна, повлечена.
Сите во таа обложувалница денес зборуваат убави работи за неа. Работеше неколку месеци и за тоа искуство отворено зборува, не го крие. Подоцна беше промоторка на различни настани“.
Скромноста која денес наѕира во постапките на Јелена, очигледно е дека датира уште од тој период. И таа и Новак потекнуваат од семејства со скромна заработувачка и многу добро знаат како изгледа да се измачиш и да создадеш нешто во животот.
Нивната хуманитарна работа исто така сведочи за сето тоа.