„Mercedes“ објави дека, на основа на прелиминарните резултати за финансиската 2023-та година објавени денеска, очекува дека вработените кои ги исполнуваат условите ќе добијат бонус од 7.300. Во знак на благодарност за нивниот ефект и ангажман во текот на минатата година, „Mercedes-Benz“ повторно го споделува успехот на компанијата со своите вработени.
Бонусот доаѓа со платата за април
Висината на уделот во добивката е независна од платата, а конечниот износ зависи од утврдувањето на финалните резултати за минатата финансиска година во март 2024-та. Поделбата на добивката е доброволна надомест која ја нуди компанијата, а околу 91.000 квалификувани работници во Германија ќе ја добијат со платата за април 2024-та.
„Минатата година нашите вработени уште еднаш покажаа дека во предизвикувачко окружение компанијата може да се потпре на нив. Во знак на благодарност за неверојатните перформанси и високата флексибилност која нашите колеги ја покажа во 2023-та година, нивната неверојатна посветеност повторно ќе биде наградена со бонус за учество во добивката за која се очекува да биде во рекорден износ“.
Награда за посветеност и напорна работа
Успешниот бонус за учество во добивката не ги наградува само посветеноста и напорната работа на нашите вработени, туку и нивната лојалност и одлучност да ги совладаат предизвиците и да ги постигнат целите – рекол Ергун Лумали, претседател на Главниот работнички совет на „Mercedes-Benz Group AG“.
Вработените во „Mercedes-Benz“ имаат корист од поделбата на добивката од 1997-ма година. За финансиската година 2022-ра година, вработените кои ги исполнуваат условите веќе добиле бонуси до максимален износ од 7.300 евра.