Честите невремиња ширум светот отпочнале расправа за влијанието на грмотевиците на електричните автомобили. Додека автомобилите со мотори со внатрешно согорување ја докажале својата отпорност на удари од гром, се поставува прашањето како слични ситуации ќе се одразуваат на електричните возила.
Искуствата покажуваат дека електричните можат да поднесат гром исто како и стандардните автомобили, наведува „Jutarnji.hr“. Струјата од громот природно тежнее на површината, а благодарение на гумите, електричните возила се изолирани и безбедни во текот на удар на гром. Металната каросерија на возилата служи како штит, пренасочувајќи ја електричната енергија подалеку од внатрешниот дел на возилото, правејќи ги патниците безбедни.
Меѓутоа, австралиската Противпожарна и спасувачка служба (NSW) предупредува дека во случај на судир, пожар или потопување на електрично возило, треба да се биде многу внимателен поради можните компромитации на високонапонските батерии. Се препорачува брза проверка на возилото за потенцијални оштетувања по удар на гром, а во случај на најаснотии, консултација со квалификуван техничар или служба за помош на патот.
Кога станува збор за грмотевиците, многумина се прашуваат дали е безбедно да се електрично возило во такви услови?
Иако полнењето како такво не е опасно, важно е да се биде внимателен при спојување на возилото со полнач. Специјализираните конектори се осмислени така што во текот на полнењето да пропуштаат минимална количина на вода, а системите на возилата спроведуваат детални проверки пред да дозволат проток на електрична енергија.
Тим Вашингтон, извршен директор на „Jet Charge“, ја истакнува важноста за проверката на кабелот на приклучокот, посебно при полнење по влажно време. Секое оштетување или изложеност на кабелот може да претставува ризик, па затоа е неопходно да се обезбеди опремата да биде исправна.
Во суштина, електричните автомобили се дизајнирани да бидат безбедни, дури и кога грми. Со правилни постапки и внимание, возачите може да бидат сосема мирни за време на невреме.